25 февруари, 2014

Колдплеј изненадија со нов видео запис

Viva La Vida“ беше „експериментален“ албум за Колдплеј, кој сепак беше во рамките на препознатливиот стил на британскиот бенд. Но, вистински експеримент е новата песна „Midnight“, која без никаква најава се појави на интернет заедно со видео запис. Со електронска музика и малку стихови, оваа песна е далеку од тоа што сме навикнале да го слушаме од музичарите предводени од Крис Мартин.

Сè уште нема официјални информации за нов албум, иако според некои странски медиуми новото издание треба да пристигне во мај или јуни. Последниот албум „Mylo Xyloto“ го претставија во 2011 година, а минатата година ја објавија темата „Atlas“, која се најде на саундтракот на филмот „Hunger Games: Catching Fire“.

 



Врати се горе ↑