8 април, 2014

Колдплеј го најави новиот албум со „Magic“

По ненадејното објавување на видео записот и песната „Midnight“ во февруари годинава, познатиот британски бенд Колдплеј на почетокот на март го најави својот шести студиски албум насловен „Ghost Stories“ кој ќе пристигне на 19 мај и ќе го наследи изданието „Mylo Xyloto“ од 2011 година. Како прв сингл е претставена темата „Magic“ која деновиве доби и своја интересна црно-бела видео адаптација сместена во дваесеттите години од минатиот век и која можете да ја погледнете горе, а во продолжение видете го списокот на песни кои ќе се најдат на претстојното издание.

  1. Always In My Head
  2. Magic
  3. Ink
  4. True Love
  5. Midnight
  6. Another’s Arms
  7. Oceans
  8. A Sky Full Of Stars
  9. O


Врати се горе ↑