Македонија коки

6 септември, 2017

Коки и „Тајфата“ подготвуваат „Песна стара“

„Тајфата“ предводена од Никола Јанков, за јавноста познат како Коки, по кусата пауза повторно се враќа на сцената, а според фотографиите објавени на нивната страница на Фејсбук, темата насловена „Песно стара“ ќе стигне во екранизирана верзија.

Соодветно со насловот, стара е и Дијана, „главната улога“ во видеото. Станува збор за истоимениот модел на Ситроен, кој беше популарен во шеесеттите години од минатиот век.

тајфа коки

Музичарите споделија фотографија и од студио, каде што Коки е во друштво на колегите Венко Серафимов и Дејан Ѓоргиевски – Ѕене, а каква музичка приказна ни подготвија овој пат ќе дознаеме наскоро.

тк



Врати се горе ↑