Промоции tajfata

10 февруари, 2014

Коки без Дуле продолжува со „Тајфата“

Едната половина од познатото дуо Дуле и Коки, Никола Јанков – Коки својата музичка кариера ја продолжува во рамките на неодамна оформената група наречена „Тајфата. Покрај познатиот музичар, дел од Тајфата се и Оливер Младеновски-Оли (вокал и саксафон), Александар Тренчевски-Аце (хармоника и клавијатури) и Владимир Богески-Влатче (клавијатури).

Овој интересен состав создава нов музички правец – македонска модерна чалгија, а неодамна беше објавена и нивната прва песна „Еден пат за еден живот“, потпишана од Венко Серафимовски (музика и текст), додека аранжманот е заедички на Венко Серафимовски и Дејан Ѓоргиевски-Ѕене. За темата е снимен и видео запис во соработка со Томато продукција, а промоцијата е закажана за среда, 12-ти февруари, во просториите на Сити Хол со почеток од 19.30 часот.

 



Врати се горе ↑