Македонија

15 октомври, 2018

„Која сум јас“, ќе открие Теа до крајот на годинава

Со хитот „Бла бла бла“, кој беше еден од највртените летово, Теа го најави своето долгоочекувано првенче насловено „Која сум јас“, чија промоција се очекува до крајот на годинава. Таа изминатиов период вредно работеше на финализирањето на новиот материјал, каде што ќе бидат сместени и досега објавените синглови како што се Пекол и дуетот со Панчо за „Рушевини“, но и неколку нови песни.

Been missing in action in the last couple of weeks for a good reason ☺️ Happy to announce that my first album is coming…

Gepostet von Thea am Mittwoch, 3. Oktober 2018

 

Само за потсетување, Теодора Трајковска, или само Теа, на музичката сцена дебитираше во 2014 година со одличната „Ми треба малку време“, по кој следеа и „Ехо“, „Доста глумиме“, „Можеш ли без мене“, „Рушевини“, „Пекол“ и „Бла бла бла“.

Иако го промени изгледот и долгата црвена коса ја замени со платинесто-руса, Теа ниту еднаш не помисли да се откаже од своите верни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа на сите нејзини песни, а сигурни сме дека уште неколку хитови од овој тим ќе слушнеме и на претстојниот албум.

🔜🔜 #KojaSumJas

Gepostet von Thea am Montag, 15. Oktober 2018

 

Додека очекуваме повеќе детали околу претстојното издание, уживајте со последниот сингл „Бла бла бла“!



Врати се горе ↑