Свет maxresdefault

19 март, 2017

Која песна има најмногу преработки во светот?

Низ музичката историја, бројни песни им оставиле огромен впечаток на други автори, кои и самите снимале свои верзии на омилените песни, а добар дел од нив добиле и илјадници различни преработки. Понекогаш сите се прашуваме која песна има најмногу преработки, а одговорот на тоа го пронајде екипата што стои зад проектот The Summertime Connection, насловен токму според најпреработуваната песна досега.

Имено, тимот одговорен за ова истражување открил дека шампион во оваа категорија е легендарната „Summertime“, која до 2011 година имала точно 33.345 снимени преработки и најмалку 41.915 изведувања во живо. Ова авторско дело на композиторот Џорџ Гершвин, кое за првпат беше изведено како дел од операта „Порги и Бес“ во 1935 година, низ годините го снимиле и многу славни музички имиња, како што се Ела Фицџералд, Били Холидеј, Сем Кук, Вили Нелсон, Џенис Џоплин, Ени Ленокс, Нора Џонс и други.

Автор на стиховите е Едвин ДуБоз Хејворд, авторот на новелата „Порги“, врз чија основа е и напишан мјузиклот „Порги и Бес“. После сценската премиера во 1935 година, мјузиклот доби и филмска адаптација во 1959, каде што оваа песна ја пее актерката Лули Џин Норман.

Во продолжение уживајте со уште неколку одлични преработки на овој евергрин…

 



Врати се горе ↑