Свет Adele-Someone-Like-You-Lyrics1

9 февруари, 2013

Која песна дневно заработува по 50 000 евра?

Благодарение на интернационалниот успех на албумот „21“, кој е продаден во повеќе до 25 милиони примероци ширум светот, во моментов, британската пејачка Адел “тежи“ речиси 18 милиони евра. Поради хитот „Someone like you“, секој ден пејачката Адел на својата сметка добива нови 50.000 евра. Албум насловен како „21 на пејачката ѝ донел три пати поголема заработка од дебитантскиот албум „19“ од 2008 година, на кој пејачката заработила “само“ 400.000 евра.

Неодамна, на својата мајка Пени Адкинс, Адел ѝ купила куќа во Нотинг Хил во вредност од 6,5 милиони евра, во знак на благодарност што цел живот работела две работи за да ѝ овозможи на својата ќерка еден ден да стане ѕвезда. Пејачката со својот свршеник Сајмон Конеки (38) и 10 месечниот син Анџело Џејмс, живее во британскиот округ Сури, во вила со десет спални соби.

Адел во моментов се наоѓа во Лос Анџелес на пробите за настапот на церемонијата за доделување на престижната филмска награда Оскар, каде што таа ќе настапи со својот нов хит, песната „Skyfall“, за истоименото 23-то продолжение на приказната за Џејмс Бонд. Оваа песна е номинирана за наградата Оскар во категоријата Најдобра оригинална песна, а во истата категорија таа веќе ја освои главната награда на доделувањето на Златниот глобус.

 



Врати се горе ↑