Македонија FUSH RECORDS

18 октомври, 2012

Кој снима во „Фуш Рекордс“?

Име на студио кое на прво слушање веднаш асоцира на нешто неквалитетно, но во случајот не е така. Уште кога ќе дознаете кој е сопственикот, веднаш ќе ви стане јасно дека „кумот“ на вака интересно име може да биде, кој друг ако не Сашо Паркет. Фронтменот на битолската панк-рок група Паркети во своето мало студио има доста интересни гости. На фотографии објавени на неговиот профил на фејсбук можеме да видиме членови од македонските бендови Фолтин и Чоканче. Можеби на повидок е интересна соработка или пак сето тоа беше само дружење со колегите. Се надеваме дека наскоро ќе дознаеме за што станува збор.



Врати се горе ↑