Балкан Djogani-spot-foto-Ivan-Vucicevic-6

30 ноември, 2012

Кој снима спот во стриптиз бар?

Видео записот кој деновиве се снимаше во еден стриптиз бар секако се случува кај нашиот северен сосед. Имено, Џоле Џогани во соработка со Баки Б3 и Лепи ја снимија нумерата со работен наслов „Раваку“, а видео записот за истата го снимија на неколку локации во Белград, од кои една од нив е и стриптиз бар. Спотот ќе биде многу провокативен, а приказната е за тоа како Лепи доаѓа од странство и се заљубува во девојка со сомнителен морал.

„Песната ќе биде голем хит! Снимањето на спотот е интересно, мојот брат Баки и јас ги носиме роднините од село да се забавуваат во градот, а тој се заљубува во стриптизета. Иако стриптизетите не се жени со кои имате иднина, сепак на крајот љубовта победува“ – изјавил Џоле за српски Свет, притоа на прашањето што мисли Весна за цела оваа ситуација, додал дека таа е професионалец и знае дека тој приватно не посетува вакви места.  Во продолжение погледнете како помина снимањето на овој видео запис.

Извор и фото: Svet.rs



Врати се горе ↑