Свет beyonce-kelly-clarkson-katy-perry

20 јануари, 2013

Кој сè ќе настапува на инаугурацијата на Обама?

Иако изјавила дека ѝ се допаѓа претседателскиот кандидат Рон Пол, Кели Кларксон и двата пати гласала за Обама. А сега ќе настапува и на давањето заклетва на актуелниот претседател, каде што ќе ја изведе песната „My Country ‘Tis of Thee“. По тој повод Кели изјавила: „Мислам дека ова ќе биде одличен настан, за кој ќе можам да им раскажувам на внуците“.

Инаугурацијата не подразбира само давање заклетва, туку и голем број настани кои се одржуваат викендов. Вчера беше одржан „Kids’ Inaugural Ball“, каде што меѓу другите настапија и Кејти Пери, Алиша Киз, Фан., Ашер и поставата од серијата „Glee“, во присуство на првата дама Мишел Обама и нејзините две ќерки. Исто така е одржан и „Hip-hop Inaugural Ball“ на кој настапија Џон Леџенд, 2Чеинз, Бренди, Фарел, Џадакис и Свиз Битс.

А денеска на главниот настан во Вашингтон, меѓу другите ќе настапуваат и Бијонсе, Кели Кларксон, Стиви Вондер, Кејти Пери, Алиша Киз и Ашер.

Извор: Billboard/Mtv



Врати се горе ↑