Настани 10570489_10202516446218804_5071020689371734094_n

16 август, 2014

Кој ќе настапи на „Пиволенд 2014“?

Седмото издание на фестивалот на пивото – „Пиволенд“ ќе се одржи на добропознатата локација, Скопското Кале, од 20-24 август. Пет фестивалски денови, големи имиња од македонската музичка сцена кои одамна не сме ги гледале на фестивалите , но и гости од странство, многу пиво, гурманска храна и катчиња за забава се само дел од она што нè очекува на овогодинешниот „Пиволенд“. Пивото важи за пијалок кој е најдобар за опуштена дружба, а доказ за тоа се седумте успешни фестивалски години на „Пиволенд“ . И оваа година посетителите ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 30 видови на јачменов „сок“, а влезот традиционално ќе биде бесплатен.

На едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика: Леб и Сол, Мизар, Селимова- Желчевски, популарните поп изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи како и неизбежните цареви на ноќните свирки Бени и Нон Стоп, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус, Тумбао Салса Бенд , Тони Михајловски и Скандал Састаф како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд- Д Џон, Смат, Сиз, К.У.Р(Културно Уметнички Работници), Хроматик Поинт и Брука. Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хип хопот, ќе настапуваат диџеј Славе и Галактик Експлорерс. За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге составот Јосип А Лисац од Нови Сад. Од организацијата најавуваат уште неколку изненадувања за кои што сепак е сè уште рано да бидат откриени, но веруваме дека Пиволенд оваа година ќе овозможи уживање во сите музички правци, како и во големиот избор на странски пива, но и гурманска храна.

Погледнете ја целосната програма за „Пиволенд 2014“:

Среда (20.08.2014)

– Астероид Б 612

– Хроматик Поинт

– Бени и Нон Стоп

– Леб и Сол

– Д Џон

Четврток (21.08.2014)

– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)

– К.У.Р ( Културно Уметнички Работници)

– СИЗ

– СМАТ

– Тијана Дапчевиќ

– МВП ( СР)

– Мизар

Петок (22.08.2014)

– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)

– Пука Банд Брука

– Бета Хаус

– Тајзи

– Тамара

– Дј Славе

– Галактик Експлорерс (диџеј Кокс)

Сабота (23.08.2014)

– Фреш( Победници на конкурсот за млади бендови)

– Димитар Андоновски

– Трибјут 2 Пинк Флојд

– Дани Димитровска

– Јосип А Лисац

– Жаре Бербер

Недела (24.08.2014)

– Бански Старчета

– Селимова-Желчевски

– Влатко Лозановски- Лозано

– Тумбао Салса Бенд

– Тони Михајловски и Скандал Састаф

Фестивалот е во организација на Град Скопје и „Темов“.



Врати се горе ↑