Видео

4 февруари, 2019

Кој ја замени Симона Попоска во „Саунд месинџерс“?

Групата што ни ги донесе хитовите „Love Me“, „The Last Thing“, „Endless Love“ и „Chains Around My Heart“, а чиј творец е легендарниот диџеј и продуцент Ерик Фокс, сега има нова вокалистка што доаѓа на местото на Симона Попоска, оригиналната членка на „Саунд месинџерс“ (The Sound Messengers). Изгледа дека талентираната охриѓанка и докторка сака повеќе време да посвети на својата соло-кариера, па наместо нејзиниот сега ќе го слушаме гласот на Кристина Поптрпева.

Gepostet von Kristina Poptrpeva am Sonntag, 23. Dezember 2018

 

Имено, Кристина е повеќе позната како манекенка, мисица  и модел, некогашна членка на модното студио „Црнокрак“, каде на 15-годишна возраст ги направи првите чекори и се здоби со првите искуства во светот на модата, а подоцна зачекори по модните писти во и надвор од Македонија, неколку пати претставувајќи ја на одредени европски и светски избори за убавина од кои се врати и со титула како „Мис талент“ во Албанија или „Мис Европа“ во Бејрут…

…Naskoro prv singl za Kristina…comming soon…

Gepostet von Kiril Zarlinov am Montag, 14. Januar 2019

 

Дека станува збор за мултиталентирана млада дама можеме да видиме и слушнеме во неодамна објавеното видео од настап на „Саунд месинџерс“, а наскоро ќе имаме можност да го слушнеме и новиот сингл во изведба токму на Кристина Поптрпева.

..naskoro prv singl..Kristina!

Gepostet von Kiril Zarlinov am Dienstag, 22. Januar 2019

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑