Кој ја труе македонската музичка сцена ?!

Кога македонската музичка сцена полека, но сигурно заспива на дното од балканското естрадно Небо, регионалните поп-фолк изведувачи одлично ги примамуваат македонските граѓани да бидат дел од нивната „сељачка“ шоу програма. Градоначалниците на поголемите општини организираат „несекојдневно“ шоу за пијанчење и јадење мрсна храна во придружба на богато платените артисти од соседството. По истата шема се водат и некогаш урбаните ноќни клубови во Македонија со тоа што ги ангажираат турбо – фолк ѕвездите за задоволување на потребите на оваа релативно „посељачена“ македонска нација.

Каде сме ние? Што добиваме ние од целата таа турбо фолк фама?

Ние сме на дното од балканскиот музички пазар, нашите уметници се на неколку годишен одмор во своите домови, нивната музичка судбина во изминатиот период и во периодот кој следи е алармантна и „црна“. Нема концертни ангажмани, нема нови албуми, нема спотови, нема музичка телевизија која може да ја подигне свеста за консумирање на македонска музика, нема никаков поттик за развивање на модерната и исконската македонска музичка традиција.

Ако за соседството важевме за нација каде што „Срамота е да заиграш и да запееш пред Македонец“, денес повеќе не е така. Денес да си македонец значи да ги уживаш мелодиите на артистите од северниот сосед и тие да бидат водечка музичка сила.

Од астрономските суми кои им се даваат на “забављачите„ и “певаљките„ реално македонската економија полека тоне. Ако согледаме реално, една дојденка што за многумина значи голема фолк ѕвезда чини 90,000 евра за да одржи еден концерт во Македонија, таа тие пари ги зема во кеш и истите ги изнесува надвор од државата без никакви даночни обврски со однапред искалкулиран договор. Тоа во превод значи, дека Македонија и македонците инвестираат во музика која не е во нивна државна сопственост, додека сето тоа се исплаќа со даноците кои ги плаќаат граѓаните во општините, и општините ги пресметуваат како нивна инстантна забава со изведувач кој не твори и живее во нашата држава, а притоа е тотално неквалитетен.

Паралелата која би ја направиле во споредба со минатите години, каде еднаш во годината концерти одржуваа околу 2-3 ѕвезди од сосеството, сега таа е тројно поголема. Ситуацијата е загрижувачка, инситуциите замижуваат пред овој проблем.

Ако нашата Каролина, Калиопи и ред други македонски мзуички дејци пласираат и творат за српскиот пазар, да пресметаме колку концерти и локални настапи тие одржале во изминатата година кај нашиот северен сосед иако песните им ги пејат на нивниот мајчин јазик? – Сигурно не присуствувале повеќе од „25-те последни“ концерти одржани во Македонија од страна на единствената Цеца.

Со овој мал пост упатуваме јавен апел до сите сопственици на локали, градоначалници и организатори на музички манифестации да престанат да го угнетуваат и да си поигруваат со ителектуалното и културното ниво на овој народ.

НЕКА ПРЕСТАНЕ ОВАА КВАЗИ-МУЗИЧКА ДИНАСТИЈА!!!



Врати се горе ↑