Македонија 12687942_10153380955567544_6286873385217681144_n

4 февруари, 2016

Кој ги киднапира Андреј и Панчо?

По огромниот успех на албумот „Срце“, кој заради големиот интерес во продажба беше пуштен нов тираж, ар-ен-би дуото ДНК веќе извесно време работи на неговиот наследник, чиј наслов ќе гласи „Уште еден ден“. И покрај работата на новиот материјал, момците во изминатиов период објавија неколку видео записи, а гостуваа и во хитови на своите колешки, како што се апсолутниот радиски хит за 2015 година „Фрази љубовни“ со Тамара Тодевска и актуелниот дует на Панчо со Елена Ристеска  – „Како да се радувам“, чиј видео запис ќе биде промовиран наскоро.

Како автори на песните од новиот албум повторно ќе се потпишат нивните долгогодишни соработници Лазар и Магдалена Цветкоски, а како прв „залак“ од претстојното издание наскоро ќе ја слушнеме песната „Само таа знае како“, за која веќе се снима и видео запис. Оваа вест ја соопшти Панчо на социјалните мрежи, споделувајќи интересна фотографија од снимањето, која веќе нè заинтригира, а каква видео приказна ни подготвуваат, ќе дознаеме наскоро!

Албумот „Уште еден ден“ се очекува да излезе во првата половина на месец мај.

И.Ј.



Врати се горе ↑