Настани SHIAMAK

1 октомври, 2013

Кој е Шајмак Давар – човекот што ќе биде дел перформансот?

Шајмак Давар е познат светски танчер. Тој вечерва на отворената церемонија на Камен мост со која започнува Сахара Балканскиот мировен фестивал, ќе ја изведе за првпат песната „Мајка“ посветена на Мајка Тереза. Пејачот и изведувач е познат како Гуру на современиот танц во Индија. Заслужен е за модернизирање на индиската танц – сцена, особено во филмската и театарската индустрија и е почитуван за неговиот доста уникатен и популарен „Шајмак стил“ во модерниот и современиот танц.

Настапувал заедно со изведувачи како Стинг, Брајан Адамс и Еди Грант. Неговиот инди поп албум „Мохабат Карле“ е продаден во 1,2 милиони копии во Индија. Основач е и уметнички директор на најголемото танцувачко и едукативно движење кое ги збогати животите на над милион танц – ентузијасти низ Индија, Канада, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство. Во 2011 година, Мидлсекс Универзитетот му додели почесен докторат за неговиот придонес кон светот на танцот и уметноста.

Шајмак има режирано, креирано и изведувано голем број на глобални настани како Церемонијата на затворање на Игрите на Комонвелтот (Мелбурн 2006 и Делхи 2010), Светскиот економски форум во Давос во 2006, забавувал светски лидери вклучувајќи ги и Бил Клинтон, Канадскиот премиер Стивен Харпер, и работел со ѕвезди како Опра Винфри, Том Круз, Ричард Гир, Вил Смит, Мајкл Даглас, Стиви Вондер, како и со легендарниот американски кореограф Деби Ален на различни проекти.

Истовремено има режирано и подготвено кореографија за перформансите на интернационалната ѕвезда Џермејн Џексон, светски – познатиот музички композитор А.Р. Рахман и за речиси секоја суперѕвезда од Боливуд на различни проекти. Од Претседателот на Индија ја има добиено Националната награда за кореографија та на неговиот прв филм – Дил Тох Пагал Хаи.

Ја има улогата на „Танц гуру“ за телевизиските реалити танц шоуа „Суперѕвезди на танцот“, „Танц со ѕвездите“, „Танцувачка премиер лига“, како и познат гостин – судија на „Индија има талент“.

Фондацијата Victory Arts на Шајмак е непрофитна организација, посветена на идејата да го направат танцот значајно искуство за секој. Употребувајќи го танцот како терапија, фондацијата им помага на индивидуите од социјално загрозени семејства, заразени со ХИВ/СИДА или со хендикеп. Помагајќи на над 5 000 луѓе, фондацијата ги збогатува нивните животи, всадува во нив чувство на верба во себе и самодоверба и цели кон нивна интеграција во општеството, во процес кој остава значителен ефект во животите на овие луѓе.

Шајмак е вистинска икона на глобалната културна размена. Не само на светот му ја има покажано индиската култура, туку се има потрудено јадрото на модерна Индија да го пренесе насекаде низ светот.



Врати се горе ↑