Видео yt2014

11 декември, 2014

Кој е најгледаниот видео запис на „Јутјуб“ за 2014 година?

Кејти Пери и нејзиниот видео запис за „Dark Horse“ се најдоа на врвот на листата на најгледани музички видео записи за 2014 година на сервисот „Јутјуб“. Од објавувањето во февруари па сè до сега, видео записот за оваа песна, која беше и најслушаната во првата половина од годинава, е прегледан над 719 милиони пати, а на второто место со 592 милиони прегледи се најде шпанската верзија на хитот „Bailando“ на Енрике Иглесијас, додека на трето место е хитот на Шакира и Ријана – „Can’t Remember To Forget You“, кој е прегледан над 444 милиони пати.

Листата со 25-те најгледани музички видео записи во 2014 година Ве очекува во продолжение.

 

Што се однесува на најгледаните клипови кои не се поврзани со музика, на првото место е шеговитиот „Џиновски мутант од пајак и куче“ (Мutant Giant Spider Dog), потоа рекламата на „Најки“  за СП во фудбал, а на третото место е романтичниот видео запис „Прв бакнеж“ (First Kiss) на уметницата Татја Плиева.

Како изгледаше и звучеше годинава која изминува според „Јутјуб“ можете да видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑