Македонија eurovision

25 ноември, 2012

Кој да ја претставува Македонија на Евросонг 2013?

Можеби е рано за ова прашање, меѓутоа сметам дека убаво е и публиката да си го каже својот збор. Република Македонија од 1998 година до сега вкупно 12 пати се претстави со своја песна на овој музички натпревар. Започнувајќи од Владо Јаневски, па сè до Калиопи годинава, 12 песни беа претставени на европската па и светската јавност.

Не е за пофалба тоа што секоја година овој избор го следат скандали, незадоволни изведувачи, незадоволна публика, или незадоволство од начинот на избирање на песна или изведувач. Во изминатите години бевме сведоци на неколку типови на избирање; избор на повеќе изведувачи, па од нив да се избере еден; избор на пејач кој се претставил со повеќе песни (како што беше случајот со Тоше Проески), а и избор на пејач/ка со тоа што самиот/самата ќе си избере тим за соработка (годинава Калиопи).

Со оглед на тоа што од годинава Скопскиот фестивал се оддели од изборот за песна за Евровизија, за сега нема информации за тоа на кој начин и како ќе се одвива овој избор, а дефинитивниот резултат треба да се знае најдоцна до март следната година.  Пред извесно време имаше и шпекулации дека Влатко Лозаноски ќе не претставува во Малме, но ништо не е потврдено.

Драги читатели на РадиоМк, не знам дали и колку Вашите предлози би промениле нешто, но сепак би Ве прашале што мислите, како треба да се одвива овој избор годинава и дали имате фаворит, односно кој пејач/ка сметате дека ќе ја претстави Македонија во најдобро светло? Ви благодарам однапред за Вашите одговори и се надевам дека ќе бидат земени во предвид кога ќе започнат подготовките за овој настан.

Во продолжение да се потсетиме на неколку македонски евровизиски песни со кои нашата држава се претстави на овој престижен музички натрпевар.

Владо ЈаневскиНе зори зоро (1998 година, Бирмингем, Велика Британија)

Каролина ГочеваОд нас зависи (2002 година, Талин, Естонија)

Тоше ПроескиLife (2004 година, Истанбул, Турција)

Елена РистескаНинанајна (2006 година, Атина, Грција) – највисок пласман на Македонија – 12 место

Тамара, Врчак и АдрианLet Me Love You (2008 година, Белград, Србија)

КалиопиЦрно и бело (2012 година, Баку, Азербејџан)



Врати се горе ↑