Свет jayz_beyonce

27 октомври, 2013

Кој чистел тоалети пред да стане славен?

Иако денеска се познати ширум целиот свет, а нивните заработки завршуваат со повеќе нули, патот до врвот на дел од познатите личности и не бил така лесен. Еден  новинар од телевизијата Фокс истражувал со што се занимавале денешните ѕвезди пред да стигнат до тоа што се денес.

Еден од најпознатите рапери чија заработка брои милиони, Шон Комбс, односно Пи Диди некогаш чистел тоалети во еден мексикански ресторан, кадешто ја заработил својата прва плата. Чистачка во ресторан за брза храна беше и пејачката Гвен Стефани од групата Ноу Даут, а сличен работодавец имале и Мадона и Џенифер Хадсон.

 

Во моментов тие се еден од најмоќните двојки на светот, но почетокот не им бил мед и млеко. Бијонсе собирала остатоци од коса после потстрижување во фризерскиот салон на нејзината мајка, додека Џеј Зи својот џепарлак го заработувал продавајќи полесни дроги.

Меѓу оние кои навистина си ги валкале рацете е и легендарниот Ози Озборн кој работел во кланица.



Врати се горе ↑