Македонија Finalisti-Makfest

28 октомври, 2012

Кои се финалистите на Макфест 2012?

Откако ја објавивме листата со учесниците од првото полуфинале кои се пласираа во финале благодарение на публиката, денеска од втората полуфинална вечер според број на гласови им се придружија: Иван Раденов со 311 гласови, Биба Додева со 284, Денис Мурат со 250, Емилија Гиевска и Филип Јордановски со 194 гласови, Влатко Илиевски со 160 и Емил Арсов со 131 глас. По публиката, и жирито си го кажа своето, па така се оформи и конечната листа за големото финале вечерва, а редоследот е овој:

1.АнтониоТасевски Дим

2.Амајлија Бенд Тивко следи ме

3.Давид Гром Виновна за сè

4.Victory Не ме заслужуваш

5.Јасмин Алиевски Далеку од тебе

6.Верица Пандиловска Можеби сум луда

7.Ангелина Стојаноска Слаба на тебе

8.Александра Пилева Подари ми

9.Христијан Тодороски Кико Одиме до крај на граници

10.Лејла Хот Љубав пролази крај нас

11.Сара Маркоска После него

12.Иван Раденов Кога си одиш

13.Фани Христова и Игор Митровиќ Далеку од овде

14.Емил Арсов Главна Улога

15.Пи Ем Без причина

16.Соња Кочиќ Мојот Сон

17.Влатко Илиевски Нека биде по твое

18.Емилија Гиевска и Филип Јордановски Можеш да ми правиш сè

19.Тамара Тодевска Готово е

20.Александар Белов и Милица Мајсторовиќ Пази ме ти

21.Денис Мурат Нова Страница

22.Биба Додева Сети се штом заврне

Овој е редоследот по кој ќе ги гледаме вечерва финалистите на годинешново издание на МакФест, а додека трае гласањето, во ревијалниот дел ќе уживаме во настапот на Кики Лесендриќ и Пилоти кои ќе ги изведат нивните најголеми хитови. Бидејќи мотото на фестивалот годинава е „Почувствувај го ритамот!“, почувствувајте го и Вие вечерва со почеток од 20.30 часот на Македонската Радио Телевизија и уживајте со македонска музика.


Од Штип за РадиоМк:
Сања Неткова 



Врати се горе ↑