Свет winners_2

11 февруари, 2013

Кои се победниците на Греми 2013?

Овогодишното доделување на Греми наградите не беше во знакот на еден изведувач, како што беше случајот со Адел минатата година, кога таа ги однесе поголемиот дел од главните награди. Таа се појави на доделувањето на наградата за Албум на годината заедно со своите сонародници, групата Мамфорд енд Санс.

Синоќешната гала церемонија ја отвори Тејлор Свифт со песната „We Are Never Ever Getting Back Together“, која ја изведе со сценографија налик романот „Алиса во земјата на чудата“, а потоа следуваше дуетот на Елтон Џон и Ед Ширан. Џастин Тимберлејк настапи за биг бендот и колегата Џеј Зи, со кои го изведе актуелниот сингл „Suit & Tie“, како и новата песна „Pusher Love Girl“.

 

 

Иако беше меѓу главните фаворити за наградата, Френк Оушн изгуби во категоријата Најдобар нов изведувач (победници беа групата Фан.), а ја изведе песната „Forrest Gump“ од минатогодишниот деби албум „Channel Orange“, а Ријана ја отпеа нејзината балада „Stay“ заедно со Мики Еко.

 

Како што беше најавено, Бруно Марс и Ријана им се придружија на Стинг и синовите на Боб МарлиДамиен и Зиги во изведувањето на реге-класиката „Could You Be Loved“.

 

Што се однесува на дуетите, синоќешното доделување го разубавија и дуетите на Мигел и Виз Калифа, како и Алиша Киз и Адам Левин (Марун 5). Водителот и рапер Ел Ел Кул Џеј заедно со Чак Ди од Паблик Енеми,  Том Морело од Рејџ Агенст Д Машин и Тревис Баркер го затворија доделувањето изведувајќи ја песната на Бисти Бојс „No Sleep Till Brooklyn“.

 

Д Блек Кис имаа успешна вечер со тоа што ја освоија награди во категориите Рок песна/рок сингл („Lonely Boy“) и Рок албум за изданието „El Camino“, а Ден Ауербах е прогласен за Продуцент на годината.

Во продолжение погледнете ја листата на наградени:

  • Album of the year: “Babel”,  Mumford & Sons.
  • Record of the year: “Somebody That I Used to Know”,  Gotye featuring Kimbra.
  • Song of the year: “We Are Young”, fun.
  • New artist: fun.
  • Pop solo performance: “Set Fire to the Rain (Live),” Adele.
  • Pop vocal album: “Stronger,” Kelly Clarkson.
  • Rock performance: “Lonely Boy,” The Black Keys.
  • Urban contemporary album: “Channel Orange,” Frank Ocean.
  • Rap/sung collaboration: “No Church in the Wild,Jay-Z, Kanye West featuring Frank Ocean, The-Dream.
  • Country solo performance: “Blown Away,” Carrie Underwood.
  • Country album: “Uncaged,” Zac Brown Band.
  • Pop/duo group performance: “Somebody That I Used to Know,” Gotye featuring Kimbra.
  • Traditional pop vocal album: “Kisses on the Bottom,” Paul McCartney.
  • Rap performance: “Niggas in Paris,” Jay-Z, Kanye West.
  • Rap song: “Niggas in Paris,” Shawn Carter, Mike Dean, Chauncey Hollis, Kanye West.
  • Rap album: “Take Care,” Drake.
  • R&B performance: “Climax,” Usher.
  • Traditional R&B performance: “Love on Top,” Beyoncé.
  • R&B song:“Adorn,”  Miguel Pimentel.
  • R&B album: “Black Radio,” Robert Glasper Experiment.
  • Rock song: “Lonely Boy,” The Black Keys.
  • Rock album: “El Camino,” The Black Keys.
  • Hard rock/metal performance: “Love Bites (So Do I),” Halestorm.
  • Alternative music album: “Making Mirrors,” Gotye.
  • Dance recording: “Bangarang,” Skrillex featuring Sirah.
  • Dance/electronica album: “Bangarang,” Skrillex.
  • Blues album: “Locked Down,Dr. John.
  • Producer of the year, classical: Blanton Alspaugh.
  • Producer of the year, non-classical: Dan Auerbach.
  • Short-form music video: “We Found Love,” Rihanna featuring Calvin Harris.
  • Long-form music video: “Big Easy Express,” Mumford & Sons.

Извор: МТV, Idolator/ фото: Grammy.com 



Врати се горе ↑