Свет kp-dh

7 јули, 2014

Кои се најслушаните песни за првата половина од 2014 година?

Како што изминаа првите шест месеци од годината, дојде и моментот да се направат пресметки, „полугодишни пресеци“ и статистики во музичката индустрија, а агенцијата Nielsen Broadcast Data Systems деновиве ги објави статистичките податоци за најслушаните песни во првата половина од годината. Податоците се резултат од анализите на бројот на преслушувања и прегледи на сервисите како што се Спотифај, Мјув Мјузик, Рдио и Јутјуб, а првите десет песни на листата забележале 1,24 милијарди преслушувања, што е пад за 8% во однос на минатата година.

 

Со извонреден резултат од 188 236 000 преслушувања, на самиот врв се најде хитот „Dark Horse“ на Кејти Пери (само видео записот е прегледан преку 400 милиони пати, а песната остана на врвот на Билбордовата Хот 100 листа 8 недели со ред). Листата од 20 најслушани песни за првата половина од 2014 можете да ја погледнете во продолжение.

  1. Кејти Пери и Џуси Џеј, “Dark Horse,” 188,236,000 преслушувања
  2. Џон Леџенд, “All Of Me,” 144,669,000 преслушувања
  3. Џејсон Деруло и 2Чеинз, “Talk Dirty,” 142,478,000 преслушувања
  4. Фарел Вилијамс, “Happy,” 135,197,000 преслушувања
  5. Идина Мензел, “Let It Go,” 129,128,000 преслушувања
  6. Иги Азалиа и Чарли XCX “Fancy,” 111,911,000 преслушувања
  7. Питбул и Кеша, “Timber,” 106,081,000 преслушувања
  8. Диџеј Снејк и Лил Џон, “Turn Down For What,” 102,340,000 преслушувања
  9. Бијонсе и Џеј Зи, “Drunk In Love,” 92,694,000 преслушувања
  10. Уан Рипаблик, “Counting Stars,” 91,494,000 преслушувања
  11. А Грејт Биг Ворлд и Кристина Агилера, “Say Something,” 86,581,000 преслушувања
  12. Мајли Сајрус, “Wrecking Ball,” 83,736,000 преслушувања
  13. Аријана Гранд и Иги Азалиа, “Problem,” 82,694,000 преслушувања
  14. Песинџер, “Let Her Go,” 82,672,000 преслушувања
  15. Бастил, “Pompeii,” 80,755,000 преслушувања
  16. Лорд, “Royals,” 79,720,000 преслушувања
  17. Еминем и Ријана, “The Monster,” 72,762,000 преслушувања
  18. Псај, “Gangnam Style,” 72,706,000 преслушувања
  19. Крис Браун, Лил Вејн и Френч Монтана , “Loyal,”70,537,000 преслушувања
  20. YG , Џизи и Рич Хоуми Кван, “My Hitta,” 69,137,000 преслушувања


Врати се горе ↑