Свет mr-uf

1 април, 2015

Кои се најпродаваните синглови во 2015 година?

Хитот на Марк Ронсон и Бруно Марс, „Uptown Funk“ и официјално е најголемиот хит на годината, според неодамна објавените податоци на „Офишл чартс компани“ за продажбата на музички изданија во Велика Британија. Хитот, кој се појави кон крајот на минатата година, досега е продаден во преку 810.000 примероци, а преслушан е повеќе од 26 милиони пати, што на Ронсон и Марс им дава преку милион примероци.

 

На второто место е Ели Гоулдинг со хитот од филмот „50 нијанси на сиво“ – „Love Me Like You Do“, кој е продаден во преку 725.000 комбинирани примероци (продажба и стриминг/преслушување), а „Take Me To Church“ на Хозиер на третото место, после 32 седмици на листата и вкупна продажба од 705.000 примероци во 2015 година.

 

Новитет е Филип Џорџ на четвртото место со хитот Wish You Were Mine и преку 460.000 комбинирани продадени примероци, а најпродаваните пет ги заокружуваат Ријана, Канје и Пол Макартни со „FourFiveSeconds“ so 452.000 комбинирани примероци до сега.

10-те најпродавани синглови во 2015 година досега се:

1. Марк Ронсон и Бруно Марс – Uptown Funk
2. Ели Гоулдинг – Love Me Like You Do
3. Хозиер – Take Me To Church
4. Филип Џорџ – Wish You Were Mine
5. Ријана со Канје Вест и Пол Макартни – FourFiveSeconds
6. Ед Ширан – Thinking Out Loud
7. Викенд – Earned It
8. Џејмс Беј – Hold Back The River
9. Оли Мрс и Деми Ловато – Up
10. „Марун 5“ – Sugar



Врати се горе ↑