Свет According-to-Forbes-magazines-Cash-Kings-2012-list-Dr.-Dre-is-thought-to-have-earned-110-million-before-tax-in-the-last-12-months

30 ноември, 2012

Кои се најплатените музичари за 2012 година?

Како што е познато, пред неколку месеци беше објавена листата на финансискиот магазин Forbes, на која е откриено дека познатиот рапер Д-р Дре е на високото петто место на најплатени славни личности, од каде што го доби и епитетот „Крал на кешот“ (Cash King). Сега магазинот ја објави и листата која се однесува на актуелната заработка на музичарите за оваа година, односно од мај 2011 до мај 2012 година.

На самиот врв, без изненадување, се наоѓа Дре со заработка од 110 милиони долари само во претходниот период од една година, која доаѓа најмногу од активностите кои не се директно поврзани со музиката (само од компанијата HTC заработи 100 милиони долари за неговата „Beats by Dr. Dre“ технологија). На очекувано високи позиции се најдоа и имиња како што се ЈуТу, Елтон Џон, Бритни Спирс и Пол Макартни. Малку потешко е да се сфати како британскиот бенд Тејк Дет успеа да се искачи на високата петта позиција со заработка од 69 милиони (наводно, најголемиот дел од заработката доаѓа од осумте распродадени концерти на лоднонскиот стадион Вембли).

Други познати музичари кои се најдоа на оваа листа се: Бон Џови на шесто место со 60 милиони долари, Тејлор Свифт е осма со 57 милиони, Џастин Бибер заработи 55 милиони, Ријана – 53 милиони, Лејди Гага – 52 милиони, а Пи Диди и Кејти Пери со 45 милиони ја делат петнаесеттата позиција. Бијонсе заработи 40, а нејзиниот сопруг нешто помалку, односно 38 милиони долари. При крајот на листата од 25 најплатени се и Адел и Канје Вест со по 35 милиони, Мајкл Бубле е претпоследен со 34 милиони, а последна е Шаде со 33 милиони долари.

Извор:Idolator/Фото: Getty Images



Врати се горе ↑