Македонија er

15 мај, 2014

Кои музичари ќе добијат владини субвенции?

Со цел да се даде поддршка на музичките работници и да се создаде музика која ќе остане како културно наследство, Владата на Република Македонија на годишно ниво ќе финансира 200 музички композиции од домашни автори и изведувачи, кои ќе бидат избрани на мошне транспарентен процес.

Комисијата составена од Робертино Саздов, Сузана Стефановска, Будимка Имери, Ристо Апостолов, Јошко Бошковски и Љупчо Стојановски во категоријата „Ѕвезди“ ги смести Есма Реџепова и Владо Јаневски, Ристо Самарџиев со песната „Нема ништо посилно од љубовта“ се најде во категоријата „Композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“, во категоријата „Врвен изведувач“ одбрани се Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Кристина Арнаудова и Андријана Јаневска, „Истакнати изведувачи“ се Игор Митровиќ, Маја Вукичевиќ, Драган Величковски-Тајзи и Александар Ристовски Принц, а во останатите категории се најдоа и имиња како што се Виктор Апостоловски, Симона Попоска, Мики Секуловски, Венера Љумани, Беќир Алиу, Мустафа Имери, Благоја Грујовски, Анета Накова, Ирена Спасовска и други. Комплетниот список можете да го погледнете тука.

 

 



Врати се горе ↑