Свет article_big_13609489637digital_site_screenshot

17 февруари, 2013

Кои изведувачи поминаа најдобро после Греми наградите?

Како што пишува магазинот Mashable, по најновото доделување на Греми наградите, бројот на платени симнувања не само на наградените изведувачи и оние кои настапуваа, туку и оние кои беа номинирани, очекувано расте (на пример, Греми доделувањата минатата година за Адел дополнително ја зголемија продажбата на секако успешниот „21“), но оваа година благодарение на сервисот 7digital, стигнаа прецизни статистики.

Тие успеаја да ја измерат просечната продажба на сите изданија од номинираните и наградените изведувачи во текот на седум дена пред доделувањето на Греми наградите, а потоа ги споредиле со податоците за продажбата на истите изданија, но во текот на 24 часа после Греми спектаклот. Според податоците, најголеми „добитници“ се Мамфорд енд Санс, Диркс Бентли, Елтон Џон, Кери Андервук, Ед Ширан и Д Луминирс, а некои од броевите можете да ги видите во продолжение.

Песни кои бележат најголекм пораст во продажбата по доделувањето на Греми 2013:

  1. “I Will Wait” – Mumford & Sons: +518%
  2. “Lonely Boy” – The Black Keys: +367%
  3. “Could You Be Loved” – Bob Marley & The Wailers: +367%
  4. “Adorn” – Miguel: +353%
  5. “The A Team” – Ed Sheeran: +172%
  6. “Ho Hey” – The Lumineers: +166%
  7. “Suit & Tie” – Justin Timberlake featuring Jay-Z: +140%
  8. “Over You” – Miranda Lambert: +133%
  9. “Home” – Dierks Bentley: +133%
  10. “Daylight” – Maroon 5: +133%
  11. “Carry On” – Fun.: +91%

Изведувачи кои бележат најголем пораст во продажбата после доделувањето на Греми 2013:

  1. Dierks Bentley +294%
  2. Elton John +282%
  3. Mumford & Sons +222%
  4. Carrie Underwood +194%
  5. Ed Sheeran +192%
  6. Frank Ocean +104%
  7. Kelly Clarkson +71%
  8. Fun. +56%
  9. Wiz Khalifa +48%
  10. Bob Marley +35%

Извор: mashable/MTV



Врати се горе ↑