Видео

22 мај, 2019

Кога Наум Петрески пее „До зори“, цела кафана ќе гори!

Наум Петрески сними нова песна со наслов „До зори“. И овој пат инспирација за песната се кафеаните и дружењето со пријателите кои долги години се секојдневие во животот на големиот боем и „грло ненапеано“. Текстот и музиката за песната ги напиша Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Песната е снимена во студиото „Анастасија“.

Гласот на Наум Петрески, веселиот и брз ритам на песната која е снимена со еден од нашите најдобри блех-оркестри, мајсторите на трубата „Уска Кан“, кои се добитници на златна труба на интернационалниот трубачки фестивал во Гуча, ветуваат хит кој ќе ги освои срцата на сите љубители на добриот звук и веселата песна.

Песната е во продукција на долгогодишните соработници на Наум Петрески од  продукцијата „Аворд“, кои беа организатори и на неговиот голем јубилеен концерт по повод 30 години на естрадата. Видеото за песната го направи „Арт студио“, а снимен е во атрактивниот амбиент на новиот ресторан „Рагуза 360“.

Промоцијата на новата песна се совпаѓа со заминувањето на Наум на двомесечна турнеја во Австралија, во чии рамки пејачот ќе одржи концерти во повеќе градови, во организација на социјалното друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн.



Врати се горе ↑