Видео

17 октомври, 2018

„Кога ме сакаш ти“ е новиот хит на „Нокаут“

Како загревање за претстојниот славенички концерт, кој ќе се одржи на 23 ноември во СРЦ „Кале“, „Нокаут“ денеска го претстави најновиот сингл што го најавува нивниот 4. студиски албум. Станува збор за темата насловена „Кога ме сакаш ти“, чиј автор на музиката е Дарко Димитров, а стиховите се на Огнен Неделковски, со кого бендот соработува за првпат, додека аранжманот им е заеднички на Дарко и фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски – Пере.

Време е да почнеме да се загреваме за концертот на 23 ноември 🙂 Овој пат со нова песна и спот."Кога ме сакаш ти" е…

Gepostet von Nokaut Unplugged am Mittwoch, 17. Oktober 2018

 

Најновиот во низата хитови на популарната група стигна во комплет со видео, за кое се погрижи долгогодишниот соработник и колега Александар Ристовски – Принц, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.

 

Како што споменавме, новиот сингл е најава и за славеничкиот концерт, со кој групата се враќа на исто место по 20 години откако ја имаше својата прва голема дружба со обожавателите, а организатор на истиот повторно е нивната некогашна матична продукција „Авалон“, која исто така слави јубилеј од 25 години. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба преку мрежата на „Авалон“ и онлајн на avalon.mk.



Врати се горе ↑