5 август, 2014
„Ко деца мали“ е новата песна на Мијата
По неколкугодишна пауза од музичката сцена, во септември минатата година ја претстави својата „Панделка“, а сега на ред дојде уште една нова песна од Наташа Мијатовиќ – Мијата. Станува збор за темата насловена „Ко деца мали“, која е авторско дело на Тања Рибарска, Мијата и Трајко Симоновски, со микс на Дарко Спасовски Пацки, а за екранизацијата која се снимаше во Градскиот парк со технологија на „летечка камера“ (Fly-cam technology), се погрижија режисерот Саша Станишиќ, директорот на фотографија Димо Попов и монтажерот Раша Петровиќ.
Во видео записот учествуваат и десетина дечиња кои на вистински начин ја пренесуваат главната порака, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.