Галерија IMG_3287

22 април, 2015

Книжевен портрет на Раде Силјан по повод 65-годишнината од раѓањето

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска, 22.04.2015 година, се одржа книжевниот портрет на Раде Силјан.  За творечкиот опус на Раде Силјан зборуваа Веле Смилевски, Ефтим  Клетников  и Данило Коцевски, стихови интерпретираа Страшо Милошевски и Антонио Павловски, а со своја поема посветена за својот дедо се обрати и неговата внука, малата Јана Павлеска.

Книжевната средба се организираше по повод 65-годишнината од раѓањето на поетот  и 40 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Третиот лик на времето“.

Раде Силјан зад себе има богат творечки опус: автор е на  15  стихозбирки, 11 книги со критики и есеи и 12 антологии од македонската и балканската поезија и проза. Избрани дела од неговиот опус се објавени во шест тома. Добитник е на национални и на меѓународни награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“ за животно  дело.  Застапуван е во панорамски  и антологиски  избори од  современата македонска поезија, а посебни книги од неговототворештво се објавени на англиски, албански, бугарски, романски, украински, руски, молдавски, италијански, унгарски, турски, полски, српски и грчки јазик.



Врати се горе ↑