Свет jimmyhendrix

13 ноември, 2012

Книга и модна линија за Џими Хендрикс

Иако легендарниот гитарист и пејач Џими Хендрикс трагично почина во дамнешната 1970 година, неговото влијание врз современата музика и култура станува сè поголемо со текот на времето. По повод денот кога тој би полнел седумдесет години, на 27-ми ноември ќе биде лансирана „Џими Хендрикс модна линија“. Имено, неговата сестра Џејни Хендрикс која е директорка на семејната компанија Experience Hendrix и е задолжена за контрола врз наследствово кое Хендрикс го остави зад себе, ќе ја објави оваа модна линија во соработка со модната куќа Lyric Culture и ќе биде ексклузивно претставена во њујоршкиот Bloomingdale’s.

Во врска со ова, Џејни Хендрикс изјавила дека е воодушевена што заедно со фирмата Lyric Culture ја лансираат оваа линија на гардероба и накит, како и тоа дека на текстовите и ракописите на нејзиниот брат веќе долго време им се восхитуваат огромен број на луѓе, а оваа модна линија го акцентира тоа колку до сега била влијателна неговата уметност и колку ќе биде влијателна и во иднина.

Како вовед во прославата, Џејни потпишувала примероци од новата книга „Jimi Hendrix: The Ultimate Lyric Book“ во која се објавени сите текстови кои ги напишал Џими, како и до сега необјавени фотографии и ракописи, а на овој настан се појавил и Били Кокс, кој бил басист во двата бенда на Хендрикс – Бенд оф Џипсиз и Џими Хендрикс Ескпириенс.

 



Врати се горе ↑