Балкан 11141762_761530430626904_8917763616073050802_n

25 мај, 2015

Кнез специјален гостин вечерва во „Х фактор“

Познатиот пејач и овогодишен евровизиски претставник на Црна Гора, Кнез вечерва уште еднаш ќе ја отпее 13-пласираната „Адио“, но овој пат на сцената на „Х фактор“. Музичарот ја воодушеви европската публика со оваа композиција чиј автор на музиката и аранжманот е менторот со најдолг стаж во натпреварот – Жељко Јоксимовиќ, а стиховите се дело на Марина Туцаковиќ и Дејан Ивановиќ.

 

Покрај Кнез, во ревијалниот дел за време на гласањето ќе настапи и хрватската пејачка Лана Јурчевиќ, која во родната земја важи за една од најпопуларните изведувачки со хитови како што се „Ла ла ланда“, „Ноќ без граница“ во соработка со „Конект“, „Мајица“ и други. „Му се радувам на настапот, ќе биде лудо, како и мојата песна ’Лудо лето’, која ќе ја изведам во оваа регионална шоу програма. Во моментов сме на проба, атмосферата е одлична! Едвај чекам да излезам на сцена“, порача пејачката, чиј актуелен хит Ве очекува во продолжение.

 

Само за потсетување, во вчерашниот прв дел од овонеделната евровизиска емисија во живо настапија 8 од 15-те финалисти, а дома си замина 37-годишниот Никола Марјановиќ од категоријата на Масимо Савиќ – постари од 27 години. Вчера настапи и нашиот Давид Темелков, а благодарение на гласовите од публиката продолжува понатаму и ќе го видиме и во следната недела, додека вечерва го очекуваме првиот настап во емисиите во живо за нашиот втор македонски кандидат – охриѓанецот Боби Мојсоски, кому му е потребна нашата поддршка бидејќи и вечерва ќе биде елиминиран уште еден финалист.

Емисијата започнува во 21 часот на телевизија „Сител“.



Врати се горе ↑