Настани retro-kabare2

12 февруари, 2013

Клупски концерт на Retro Cabaret во MCM

Повелете заедно со вашите родители во MCM на целочасовно шоу со најголемите хитови на Мики, Зафир, Маријана и Росана, Љупка, Беки, Симеон, Јаков, Хелена, Маргарита, Драган, Славе, Трајче, Боби, PSY, Michel Telo… За потсетување, Retro Cabaret е бавен превоз преку македонската поп/рок музичка историја “извозен” во punkrock / hip hop / reggae / skacore / jazzcore / funkcore / blues / tropical / ultra brutal death metal варијанта. Оформени летото 2007 година, зад себе го имаат EP-то „Скопје“ (јули, 2008 година) и голема листа на незаборавни шлагер-искуства.

Retro Cabaret се:

– Исус од Нерези (флејта во Cannibal Corpse)
вокални линии, гитара

– Brian May Morello (поранешен сајзерист во Abba)
ги свири твоите омилени солажи

– Ubatz Манџа (перкусионистот на Pantera)
бас и бенгање

– Кили Пупица (триангл во Nickelback)
тапанар

САБОТА, 16-ти ФЕВРУАРИ 2013 // MCM
Уште една целочасовна клупска шлагер-вожња со RETRO CABARET
Влезници по цена од 150 ден. во MCM
Почеток: 21:30
Информациии и резервации на телефон: 075 282 553

Извор: МММ



Врати се горе ↑