Настани poster Ace Mice Zhele RB

23 декември, 2012

За прв пат „Урбан Грув“ ќе се претстави во Битола

Овој четврток (27-ми декември 2012), битолскиот атрактивен ноќен клуб „Сцена“, во својата програма ќе престави уникатно музичко случување кое е поразлично од вообичаените.

Станува збор за „Урбан грув“, во состав на тројца талентирани момци од Македонија кои имаат за цел да им претстават на публиката нов и поинаков начин на музицирање, т.е креирање забава за младата популација зависна од музика и адреналин.

Во оваа прва постава се работи за Роберт БилбиловJust RB Production, Александар МицевскиDJ Ace Mice и Дарко МанасивескиZhele МС кои на вистинските обожаватели на Rap, R&B, Soul и Funk ќе им доловат чувство на создавање музика во живо.

Роберт Билбилов досега познат како композитор, аранжер, продуцент и изведувач овој пат пред јавноста ќе се појави како Just RB Production  и на публиката ќе им овозможи да биде дел од создавање (продуцирање) на неговата музика со помош на современите техники и технологии кои резултираат со модерен и квалитетен звук,  придружуван од free style rap на Желе МС и ДЈ Аце Мице.

Клубот „Сцена“ Ве кани да бидете дел од овој незаборавен и несекојдневен музички настан. Настапот на „Урбан Грув“ е подджан од  „Eristoff“.



Врати се горе ↑