20 март, 2017

„Клин бандит“ и Зара Ларсон во живо ја изведоа својата „Симфонија“

Британската група „Клин бандит“ и шведската ѕвезда Зара Ларсон деновиве ја претставија својата соработка насловена „Symphony“, која е трет сингл од претстојниот, трет по ред албум на бендот, како и шести сингл од штотуку објавениот втор студиски албум на Ларсон, „So Good“. Музичарите викендов премиерно ја изведоа песната во живо на сцената на британската верзија од музичкиот натпревар „Гласот“ (The Voice), а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑