Настани 4dc7226f-3e62-4637-ae49-bf6df0aea63a

11 февруари, 2015

„Клин бандит“ и Рони Сајз „Репрезент“ ќе го слават 15. роденден на „Егзит!

Авторите на официјално најголемиот европски хит за минатата година, британскиот состав „Клин бандит“ (Clean Bandit), на барање на многубројната публика, на 9 јули ќе настапи на главната бина на „Егзит“! Песната „Rather Be“, со која во неделата освоија и „Греми“ награда за најдобар денс хит, прогласена е и за најмногу стримувана во 2014 година, оставајќи го зад себе дури и хитот  на Фарел – „Happy“! Истата вечер 15. роденден на фестивалот на Петроварадинската тврдина ќе го одбележи еден од неговите „основачи“ , Рони Сајз (Roni Size). Иконата на драм-ен-бејс музиката ќе настапи во живо со култната супергрупа „Репрезент“ (Reprazent) и ќе ја отвори листата на изведувачи за овогодинешната „Икс-бејс“ (X-Bass) програма, која „Егзит“ ја реализира во соработка со глобалниот музички бренд „Ју-кеј-еф“ (UKF). Новата голема дабстеп ѕвезда„Зомбој“ (Zomboy) на 12. јули ќе продолжи онаму каде што изминатата година Скрилекс (Skrillex) високо го постави скалилото, а програмата на главната бина по полноќ ќе ја засили и една од водечките дами на бејс музиката Хана Вонтс (Hannah Wants).

„Клин бандит“ (Clean Bandit) дебитираат во 2012 година со синглот „A+E“ на симболичното 100. место на британската листа на синглови, за веќе следната година, со хитот „Mozzart’s House“ да стигнат меѓу првите 20! Песната „Rather Be“, со која овој квартет од Кембриџ го освои целиот свет и официјално е еден од десетте најголеми светски и најголемиот европски хит на минатата година, чиј спот бележи над 220 милиони прегледувања на сајтот „Јутјуб“! На сервисот „Шазам“ е меѓу петте најбарани песни на сите времиња, а со дополнителните бројки од сервисите „Спотифај“, „Дизер“ и „Гугл плеј“, оваа песна е прогласена за најмногу стримуваната во 2014 година, оставајќи го зад себе дури и хитот на Фарел, „Happy“! За мулти-платинестиот успех, заслужен е и заводливиот вокал на Џес Глин (Jess Glynne), која пее и на актуелниот хит сингл Real Love, чиј спот го направија фановите, испраќајќи ги до бендот снимките на кои се бакнуваат. Високо котирани на листите беа и останатите синглови од албумот „New Eyes“, па така „Dust Clears“, „Extraordinary“ или „Come Over“ предизвикуваа хорски реакции на фестивалите како што се „Гластонбери“ или „Ридинг“. По освоената „Греми“ награда за најдобар денс хит каде зад себе ги оставија „Дисклоужр“ и Мери Џеј Блајџ, „Клин бандит“ со нетрпение го исчекуваат доделувањата на „БРИТ“ наградите каде што се номинирани за најдобар британски бенд, рамо до рамо со „Колдплеј“, што сведочи за популарноста на групата од врвот на актуелната листа со желби на публиката на „Егзит“ фестивал.

Сè се поклопи со големата прослава на 15. фестивалско издание, кога е во прашање еден од заштитните симболи и први амбасадори на „Егзит“ во светот – големиот Рони Сајз (Roni Size)! Првата ноќ на овогодишниот фестивал, на местото каде што сè започна, со повторното собирање на колективот„Репрезент“ (Reprazent), во очи на нивниот нов албум и прв по 15 години, има повеќе од доволно знаци кои упатуваат на историски момент на тврдината. Предводени од Рони, музичките доајени „Дајнамајт Ем-си“ (Dynamite MC), Онали (Onalee), Сај Џон (Si John), Дејв Амсо (Dave Amso), Џеј Вилкокс (Jay Vilcox) и Дени Кокс (Danny Cox), повторно ја вкрстуваат креативноста во еден од највлијателните електронски состави на сите времиња, за настап на тврдината кој на најдобар начин го најавува насловот на албумот „Do It For The Masses“!

Овогодишната „Икс-бејс“ (X-Bass) програма продолжува преку најбараните имиња, а по Скрилекс, оваа година оправдано присутен на „Егзит“ е младиот продуцент и диџеј „Зомбој“ (Zomboy)! Милионите фанови на социјалните мрежи и актуелниот албум „The Outbreak“, го зацврстија ѕвездениот статус на 25 годишниот партимејкер од Англија, од каде што минатото лето направи прекуокеанска инвазија, свирејќи од Аргентина до Холивуд. Пред да ја завие тврдината со најсвежиот бејс сет, пратен со спектакуларните визуелни ефекти, „Зомбој“ подготвува нов поход на панамериканските фестивали, како загревање за премиерниот настап на „Егзит“.

 

Покрај резидентурата на „Би-би-си Радио 1“ (BBC Radio 1), редовните настапи во суперклубот „Амнезиа“ (Amnesia) на Ибица во рамките на „Тугедер“ („Together“) ноќите кои ги води „Чејс & Статус“ (Chase & Status), како и планетарнот денс хит „Rhymes“, Хана Вонтс (Hannah Wants) денес е најбараната дама на бејс музиката. „What Hannah Wants“, како што е насловот на актуелната турнеја, ќе дознаеме на 12 јули кога „Икс-бејс“ ќе ја превземе главната бина на „Егзит“ фестивал.

Влезниците за „Егзит“ фестивал се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ фестивал 2.240 денари. Единствената влезница за повеќе од десет дена на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, можат да се набават за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го осигураат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најадат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.



Врати се горе ↑