Аудио

18 мај, 2018

„Клин бандит“ и Деми Ловато го имаат новиот летен хит

Британското трио „Клин бандит“ продолжува со успешните соработки, претежно со женски вокали, па овој пат на ред дојде американската пејачка Деми Ловато, која гостува во штотуку објавениот сингл насловен „Solo“.

Станува збор за уште еден потенцијален хит од популарната група, којшто би требало да биде сместен на долгоочекуваниот втор албум и наследник на првенчето „New Eyes“ од 2014 година. Во меѓувреме, бендот беше актуелен со хитовите „Tears“ (со Луиса Џонсон), „Rockabye“ (со Шон Пол и Ен-Мари), „Symphony“ (со Зара Ларсон), „Disconnect“ (со „Марина енд д дајмондс“) и „I Miss You“ (со Џулија Мајклс).

За Деми Ловато, пак, чиј шести студиски албум „Tell Me You Love Me“ излезе во септември минатата година, ова е само една од бројните соработки со кои е актуелна во изминатиов период, вклучувајќи го и неодамна објавениот дует со Кристина Агилера.

Како звучи оваа британско-американска соработка на „Клин бандит“ и Деми Ловато дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑