Аудио

4 јануари, 2019

„Клешинг колорс“ ја започнаа годината во „Карантин“

Велешкото дуо „Клешинг колорс“ (Clashing Colors) на самиот почеток од годинава ја објави својата нова песна насловена „Quarantine“, која е вистинско освежување за нашата, но и за светската сцена. Автори се самите членови на бендот – композиторот, продуцент и аранжер Темелко Андреев и вокалистката и текстописец Лили Бабунска, а на гитара гостува Оливер Тевчев.

Дуото зад себе ги има и темите Fuel To The Fire“, „Chasin’ GameиYeahs N Oohs“, а својата работа ја опишува како „експериментирање со различни жанрови, следејќи ја сопствената интуиција и моменталната инспирација“. Покрај работата со „Клешинг колорс“, Андреев соработува и со други имиња од нашата сцена, како што е сограѓанката Валери Димовска, чиј актуелен сингл „Дозволи ми“ го има неговиот потпис на стиховите, аранжманот, миксот и мастерингот.

Како звучи новиот „Карантин“ на „Клешинг колорс“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑