Промоции 922865_10200441274098842_2021226807_n

7 јуни, 2013

Клан Исток ја „отвора сезоната“

Екипата која постави нови стандарди во макрапот, како во презентацијата на андерграунд звукот, како во видео-продукцијата, така и во организирањето на рап настапите, Ве поканува на промоција на нивниот втор албум кој го носи името „Отворена сезона“. Албумот е наследник на „Првиот Удар“ од 2005 година, уметнички позрел, но со истата бум бап енергија на својот претходник. Во меѓувреме четворката од Кланот (Профо, Деко, Алек и Човекот Екс поддржани од продукциите на Мац А.Д.) работеа на повеќе самостојни проекти, и нивното обединување го враќа македонскиот хип хоп на врвот од балканската рап сцена.

„Доколку сте го слушнале звукот кој ви го носи Клан Исток, без разлика дали сè уште слушате рап музика или не и дали сте од старата гарда или од помладата хип хоп генерација, Ве покануваме во петок (7-ми јуни) во кафе-барот „Кај мајка ти и татко ти“ (се наоѓа на ул. Ленинова, карши драгстор Бети) заедно да го промовираме софмор албумот на групата, кој е подготвен да експлодира со истата енергија која ја имаше и на првиот албум.“ – велат организаторите на настанот.

Почетокот е закажан за 21:30 часот. Влезот нормално, е бесплатен, а албумот можете да го набавите само доколку нарачате од експерименталниот коктел „Исток“, кој ќе чини 150 денари. Со купената пијачка албумот го добивате гратис.

НАПОМЕНА: Доколку сакате да го добиете албумот во материјална форма, ќе можете да го набавите само за време на промоцијата. После тоа нема да биде достапен за продажба. Во продолжение уживајте со две нови траки од новата „Отворена сезона“ на Клан Исток.



Врати се горе ↑