30 јануари, 2015

Ќеркичката на Канје во видео записот за „Only One“

Првиот сингл со кој Канје Вест го најави своето седмо студиско издание, темата „Only One“ доби и свое видео издание. Во екранизацијата за оваа соработка со легендарниот британски музичар Пол Макартни, кој е автор на мелодијата и кој ги отсвири клавијатурите, се појавува ќеркичката на Канје, малата Норт Вест, на која раперот ѝ ја посвети оваа прекрасна балада. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑