Балкан 247629_391412434306178_373156172_n

9 март, 2015

Ќерката на Сузана Манчиќ ќе се натпреварува во „Х фактор“

Снимањето на втората сезона на „Х фактор“ е веќе започнато, а како и минатата година, така и овој пат својот талент за пеење ќе се обидат да го докажат и децата на познатите личности од регионот. Ако во првата сезона тоа беа Маринела Џогани и Маја Новаковиќ (ќерката на легендарниот Луис), годинава ќе ја видиме ќерката на познатата актерка и водителка, „лото девојката“ Сузана Манчиќ.

Станува збор за нејзината постара ќерка, Теодора Куниќ, која својата музичка кариера ја започна пред неколку години со песната насловена „Пола срца“. Освен од мајка ѝ, која на само 18 години ја сними песната „Огледалце, огледалце“, Теодора го наследила талентот за музика и од својот татко, Неша Куниќ, кој свирел во групата „Седморица младих“.

„Теодора ја има мојата целосна подрршка. Се упати во една голема авантура, која ќе биде нејзина борба за место под сонцето. Ќе се држам настрана колку што можам, а натпреварот ќе го следам од страна како обичен гледач и со цело срце ќе навивам за неа“, изјавила гордата мајка за српски „Курир“.

Како ќе се снајде Теодора во новата сезона на „Х фактор“ ќе дознаеме наскоро, а дотогаш погледнете го нејзиното првенче „Пола срца“, во чиј видео запис се појавува и познатиот срски актер и водител Милан Калиниќ.

Извор: Svetplus.com/фотографија: Фејсбук

 



Врати се горе ↑