Свет madonna lourdes

30 октомври, 2012

Ќерката на Мадона доби стан за роденден

За нејзиниот шеснаесетти роденден, ќерката на славната поп кралица Мадона, Лурдес за подарок доби стан и тоа не каде било, туку на Менхетен. Пентхаусот е оддалечен само неколку улици од куќата на Мадона, а во близина е и Кабала центарот кој и двете редовно го посетуваат. Само некои од бројните луксузну додатоци кои ги поседува станот се базен и фитнес центар.

Инаку, Мадона ѝ го подари станот со цел да ѝ докаже колку ѝ верува. Близок пријател на пејачката изјави дека Лурдес била воодушевена и целиот простор ќе си го уреди по свој вкус, а и дека сама ќе одлучи со кој ќе го дели и кога ќе се всели таму.



Врати се горе ↑