Видео

3 мај, 2019

Ќерката на Ѓоко Јовиќ ја препеа „На Велигден“ од Џокси

11-годишната Теодора, ќерката на фолк-пејачот Ѓоко Јовиќ, ја препеа најпопуларната песна на Џокси – „На Велигден“. Преработката на песната, која од женски агол ја отпеа Пепа Димитрова, Ѓоко ја сподели на својот канал на Јутјуб и рече дека е горд татко, а Теодора доби само пофални зборови за нејзиното пеење и коментари дека талентот го наследила од својот татко.

Ова не е прва песна отпеана од младата пејачка. Таа заедно со својот татко и со „Енерџи бенд“ направи преработка и на песната „Ципеле“, а како звучи велигденскиот евергрин во нејзина изведба, дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор и фотографија: Репортер



Врати се горе ↑