Балкан

14 јули, 2018

Ќерката на Цеца утре ќе го претстави првиот сингл потпишан од Дарко Димитров

Како што Ви пренесовме неодамна, ќерката на балканската дива Цеца, Анастасија Ражњатовиќ ќе тргне по стапките на својата славна мајка, а нејзиниот деби-сингл е потпишан од еден од најплодотворните македонски автори, Дарко Димитров. Песната насловена „Савршен пар“, чие видео е снимено во Скопје, премиерно ќе биде претставена утре, 15 јули, а како ќе изгледа и звучи сето тоа можеме да дознаеме од кусиот извадок објавен на каналот на продукцијата „Ај-ди-џеј видеос“.

 

„Мораше да помине некое време и да се создадат сите услови за објавување на мојата прва песна, а пред сè, да бидам сигурна дали сакам навистина да се впуштам во она што со години го посакував. Горда сум што некои случувања во животот ги искористив и успеав тие да се преточат во текст за песната ’Савршен пар’, па сега на публиката е да одлучи како ќе им се допадне. Јас сум нетрпелива“, откри Анастасија неодамна.

Дали младата пејачка ќе го повтори успехот на својата мајка останува да дознаеме наскоро.

Image result for ANASTASIJA - SAVRSEN PAR (TEASER)



Врати се горе ↑