Балкан

13 јуни, 2018

Ќерката на Цеца ќе запее со песна од македонски автор

Ќерката на балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ наскоро ќе тргне по стапките на мајка си, а нејзината прва песна ќе ја потпише еден од најуспешните македонски автори и продуценти – Дарко Димитров. Имено, како што пренесуваат српските медиуми, Анастасија неодамна претстојувала во Скопје, каде што во студиото на Димитров го сними деби-синглот насловен „Савршени пар“.

„Мораше да помине некое време и да се создадат сите услови за објавување на мојата прва песна, а пред сè, да бидам сигурна дали сакам навистина да се впуштам во она што со години го посакував. Горда сум што некои случувања во животот ги искористив и успеав тие да се преточат во текст за песната ’Савршени пар’, па сега на публиката е да одлучи како ќе им се допадне. Јас сум нетрпелива“, открила Анастасија.

Не е никакво изненадување што токму Димитров ќе биде првиот соработник во нејзината кариера, имајќи предвид дека тој е можеби најактивен на српската музичка сцена, а неговиот потпис стои на хитови од Марија Шерифовиќ, Емина Јаховиќ и многу други. „Совршениот пар“ на Анастасија ќе добие и свое видео, исто така снимено во Скопје, а премиерата се очекува наскоро.



Врати се горе ↑