13 мај, 2018

„Ќе се вратам некој ден“ е новиот хит на Александра Јанева

Александра Јанева штотуку го објави својот нов сингл, кој го носи насловот „Ќе се вратам некој ден“ и кој ветува дека ќе биде хит уште со првото слушање. Станува збор за авторско дело на Панче Касапски, кој се потпишува на музиката, а стиховите му се заеднички со Огнен Неделковски, додека за аранжманот и продукцијата се погрижи Иле Спасев.

Сето тоа визуелно го спакува Ѓорѓи Вацев со неговата „Риуајнд продакшн“, а главните улоги ги имаат самата Јанева и Панис Карол. Кореографијата пак, е дело на Оле Илиева, а како звучи и изгледа најновото од талентираната струмичанка, дознајте горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑