Македонија TH3_8

16 мај, 2013

Ќе се „раздени“ ли вечерва за Македонија?

Во вторникот, 14-ти мај, започна овогодинешното 58-мо издание на Евровизија. Од 16-те земји кои се натпреваруваа на првата полуфинална вечер, само десет од нив успеаја да обезбедат пласман за финале. За жал, ниту една од балканските земји (Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија) не беа дел од десетте финалисти кои повторно ќе ги видиме на евровизиската сцена во Малме арената во сабота.

Евровизискиот спектакл продолжува вечерва со уште 17 земји од кои само 10 повторно ќе запеат на сцената во финалната вечер на 18-ти мај (сабота). Нашите претставници Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ќе настапат под реден број 3, a редоследот на сите земји е следниот:

  1. Латвија: PeR – Here We Go
  2. Сан Марино: Valentina Monetta – Crisalide (Vola)
  3. Македонија: Есма и Лозано – Пред да се раздени 
  4. Азербејџан: Farid Mammadov – Hold Me
  5. Финска: Krista Siegfrids – Marry Me
  6. Малта: Gianluca Bezzina – Tomorrow
  7. Бугарија: Elitsa & Stoyan – Samo Shampioni
  8. Исланд: Eyþór Ingi – Ég Á Líf 
  9. Грција: Koza Mostra featuring Agathon Iakovidis – Alcohol Is Free
  10. Израелl: Moran Mazor – Rak Bishvilo
  11. Ерменија: Dorians – Lonely Planet
  12. Унгарија: ByeAlex – Kedvesem
  13. Норвешка: Margaret Berger – I Feed You My Love
  14. Албанија: Adrain Luljuraj & Bledar Sejko – Identitet
  15. Грузија: Nodi Tatishvili & Sophie Gelovani – Waterfall
  16. Швајцарија: Takasa – You And Me 
  17. Романија:  Cezar – It’s My Life

И овој пат конечните резултати ќе се добијат од збирот на гласовите од жири комисијата и публиката во сооднос 50/50. Вечерва ќе можат да гласаат земјите чии претставници се дел од оваа полуфинална вечер, како и Франција, Германија и Шпанија. Жири комисијата веќе ги донесе своите одлуки за вечерашните изведби, откако синоќа ги проследи во живо на генералната проба, а публиката ќе може да гласа вечерва веднаш по завршувањето на последната изведба.

Како што Ви пренесовме, Лозано вечерва својот дел ќе го отпее на македонски јазик, а Есма на ромски. На сцената заедно со нив како придружни вокали ќе бидат Нина Јанева и Елеонора Мустафова, а раскошниот црвен фустан на Есма е креација на Елена Лука. Им посакуваме многу среќа на нашите претставници и се надеваме дека ќе успееме да обезбедиме пласман за големото финале во сабота.

Спектаклот започнува во 21 часот и ќе биде пренесуван во живо на првата програма на МРТ.

Фото: Thomas Hanses (EBU), Eurovision.tv

 



Врати се горе ↑