Свет deppcompir

10 декември, 2012

Кит Ричардс, Иги Поп, Кортни Лав и Ник Кејв ќе пеат пиратски песни

Голем број музички ѕвезди, меѓу кои и Том Вејтс, Kит Ричардс, Пети Смит, Kортни Лав, Мајкл Стајп, Иги Поп и Ник Kејв, ќе учествуваат на компилацискиот албум „Son of Rogue’s Gallery: Pirate Ballads, Sea Songs and Chanteys“, кој претставува колекција од модернизирани пиратски балади и песни за морето, а ќе биде поделен во две ЦД со по 17, односно 19 песни.

Kомпилацијата ја составија режисерот Гор Вербински, актерот Џони Деп и продуцентот Хал Вилнер, а истото го направија и пред шест години, кога го издадоа албумот „Rogue’s Gallery“, на кој меѓу другите гостуваа Стинг, Гевин Фрајдеј, Брајан Фери, Лу Рид, Ник Kејв и Боно. Новиот албум ќе се појави во продажба на 19-ти февруари следната година, а ќе го издаде музичката куќа „Анти рекордс“, во чиј каталог се наоѓа и творештвото на Том Вејтс. Во продолжение слушнете го првиот сингл од овој албум кој беше промовиран пред неколку дена, песната „Leaving Of Liverpool“.

 

 



Врати се горе ↑