Свет jimi-hendrix

9 ноември, 2012

Кино издание од концертот на Џими Хендрикс од Вудсток ’69

По повод седумдесет години од раѓањето на ледендарниот Џими Хендрикс, незаборавниот концерт во август 1969 година на Вудсток ќе биде прикажан во кината низ целиот свет. Ова специјално издание е внимателно составувано од архивирани снимки од страна на добитникот на Оскар, режисерот Мајкл Вадли и неговиот тим. На тој незаборавен концерт, Џими премиерно настапил со новиот бенд и имал извонредна изведба на неговите големи хитови Voodoo Child (Slight Return)“, „Fire“, „Purple Haze“ и„Foxy Lady“, како и драматичната интерпретација на Star Spangled Banner“. 

На 29-ти ноември и на 4-ти декември, дигитална 5.1 сараунд микс верзија на концертот ќе биде прикажана во преку триесет кина во Обединетото Кралство и во уште повеќе ширум светот со цел да го обележат денот на кој Хендрикс ќе наполнеше 70 години.

Документарниот филм со наслов „Live at Woodstock“, вклучувајќи интервјуа со Били Кокс и Мич Мичел, како и со Еди Крејмер и промоторот на Вудсток – Мајкл Ланг, ќе бидат прикажани паралелно со изведбите на Хендрикс.

 



Врати се горе ↑