Свет article_big_1263519959Kings_of_Leon

13 март, 2013

Кингс оф Лион: Премногу сме пијани за да работиме на новиот албум

Басистот на групата Кингс оф Лион (Kings Of Leon), Џаред Фолоуил (Jared Followill) признал дека пред неколку дена бил „премногу пијан“ за да работи на новиот албум. Бендот во моментов е во студио, каде што работи на својот шести албум, наследникот на изданието „Come Around Sundown“ од 2010 година.

Во серијата твитови, Фолоуил го коментирал напредокот на албумот: „Виното не е за секој, но за мене дефитивно е!“ – напишал тој, додавајќи: „Само што работевме на дел од новиот албум. Доста возбудлив материјал. Не можев да работам баш како што треба, бидејќи бев премногу пијан.? #Утре“. Набрзо потоа додал: „Моите ’драфтови’ на Твитер би требало да го носат насловот ’Мисли во пијанство кои можеби ќе одлучам да ги твитнам утре, ако не се премногу навредливи.“

 Како и да е, додека го очекуваме новиот материјал од бендот, да се потсетиме на нивниот голем хит „Sex On Fire“.

Извор: NME



Врати се горе ↑