Аудио

19 јуни, 2019

Кинг Принцес во новиот сингл на Марк Ронсон – „Pieces of Us“

Првиот ден од летото, 21 јуни е и денот кога ќе пристигне новиот албум на Марк Ронсон, кој британскиот музичар го најави уште лани со хит-синглотNothing Breaks Like A Heart, за кој му помогна американската колешка Мајли Сајрус, а потоа следеа и насловната тема Late Night Feelings со Лики Ли, Don’t Leave Me Lonely со Јеба и „Find U Again“ со Камила Кабејо.

Во пресрет на објавувањето на ова петто студиско издание на Ронсон, кое музичарот го опиша како „ера на скршените срца“, деновиве стигна и соработката со Кинг Принцес за темата „Pieces of Us“. 20-годишната њујочанка Михаела Штраус е девојката што се крие зад псевдонимот Кинг Принцес, која полека си го наоѓа местото на музичката сцена, а поврзаноста со Ронсон дополнително ќе придонесе за тоа. Како звучи нивниот прв заеднички обид, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑